Хјуман Рајтс Воч бара исклучување на Фидес од ЕПП

Од:

Меѓународната невладина организација за заштита на човековите права, Хјуман Рајтс Воч, бара од Европската Народна Партија (ЕПП) да ја исклучи од своите редови партијата на унгарскиот премиер, Фидес.

Во текст објавен денеска, додека започнува конгресот на ЕПП на кој партијата ќе го бира својот кандидат за претседател на Европската комисија, ХРВ му порачува на претседателот на ЕПП, Жозеф Дол, да преземе мерки и да ја исклучи Фидес поради непочитување на вредностите на политичкото демохристијанско семејство.

Главна причина за ова барање на организацијата е нарушувањето на академската слобода во Унгарија откако Централноевропскиот Универзитет (ЦЕУ) на Џорџ Сорос беше принуден да се пресели во Виена поради одбивањето на унгарската влада да го потпише потребниот договор со државата Њу Јорк за продолжување на работата на универзитетот во Будимпешта.

-Обидите да се истера ЦЕУ од Унгарија изгледаат ништо повеќе освен лична крстоносна војна на Орбан против милијардерот Џорџ Сорос, основач на универзитетот во 1991. Затворањето на еден од најпрестижните и најпознатите универзтитет би бил голема загуба за Унгарија, пишува Лидиа Гал од ХРВ.

ХРВ смета дека овој потег е дел од поширока желба за ограничување на академската слобода и контрола врз она што го учат студентите.

Организацијата потсетува дека неодамна беа забранети родовите студии на државниот универзитет.

-Недемократските мерки, заедно со осум години напади врз владеењето на правото, ограничувањето на слободата на судовите, наметнувањето рестрикции врз медиумиите и демонизирањето на невладините организации достигнаа точка кога доста е доста, пишува во текстот.

ХРВ го поздравува гласањето на Европскиот Парламент кој побара да се активира членот седум од Лисабонската повелба за суспендирање на правото на глас на Унгарија во Советот на ЕУ и ја повика ЕПП да ја одигра својата улога во својот процес.

Конгресот на ЕПП се одржува денеска и утре во Хелсинки, но исклучувањето на Фидес не е на дневен ред и според многумина членови на партијата нема да биде најмалку до изборите за Европски парламент во мај 2019 година.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта