Хилари Клинтон во посета на Малави

Од:

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска престојува во посета на Малави, што е прва посета на министер за надворешни работи на САД на оваа африканска земја.

При пристигнувањето на аеродромот во главниот град Лилонгве Клинтон беше пречекана од воената гарда и од танчери и музичари, кои изведоа традиционални танци и песни.

Клинтон потоа се сретна со претседателката на Малави Џојс Банда, која напомена дека долго време ја очекувала оваа средба и нагласи оти и двете се залагаат за заштита на правата на жените и децата.

САД во јуни ги објавија своите планови да ја обноват помошта за енергетскиот сектор на Малави со 350 милион долари.

По Малави Клинтон заминува за Јужноафриканската Република.

Стејт департментот претходно соопшти дека Клинтон следната недела ќе ја посети Турција, каде со турската Влада ќе разговара за ситуацијата во Сирија.

– Државниот секретар Клинтон ќе отпатува на 11 август за Истанбул на двострани консултации со турската Влада за Сирија, како и за други актуелни теми, изјави портпаролот на Стејт департментот Викторија Њуланд пред новинарите во Малави.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД