Хилари Клинтон повеќе нема да се кандидира за политички функции

Од:

Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, изјави за Си-Би-Ес, дека повеќе нема да се кандидира за политички функции, но дека планира да остане ангажирана во политиката.

Клинтон го даде интервјуто еден ден пред да биде објавена нејзината книга „Што се случи“, каде е анализирана ланската предизборна кампања.

Таа посочи, дека нема да се бори за претседателската номинација на демократите во 2020 година, но и дека нема да се откаже од политиката, бидејќи смета дека иднината на земјата е „ставена на коцка“.

Клинтон во интервјуто раскажува за главните моменти од нејзината предизборна кампања, вклучително и разрешувањето на тогашниот директор на ЦИА Џејмс Коми и истрагата за нејзиниот личен сервер за мејлови, што според неа, ја чинело победа на изборите.

Таа исто така призна и дека ја водела кампањата на начин што не и одговарал на земјата.

– Разбирам дека има многу Американци, кои поради финансиската криза, се гневни. И тие беа незадоволни, го знаев тоа. Но, јас верував дека моја одговорност е да се обидам да најдам решение, не да ги поддржам. Тоа е моја грешка, бидејќи многумина не сакаа да ги слушнат моите планови. Тие сакаа да го споделам гневот со нив. И требаше да најдам подобар начин за да го покажам тоа, сфатив, нагласи Клинтон.

Клинтон изјави дека, нејзиниот ривал на претседателските избори што се одржаа во ноември минатата година, а сегашен претседател на САД, Доланд Трамп признал дека „да се биде претседател е потешко од колку што мислел“.

– Така е бидејќи тоа не е шоу, туку реалност, истакна Клинтон.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија