Хилари Клинтон финансирала досие за поврзанот на Трамп со Русија

Од:

Изборниот штаб на тогашниот кандидат за претседател на САД, Хилари Клинтон и Националниот комитет на Демократската партија ја платиле фирмата за политички истражувања „Фјужн Џи-Пи-Ес“ (Fusion GPS) да направи досие со обвиненија за поврзаност меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и Русија, објави „Вашингтон пост“.

Весникот повикувајќи се на анонимен извор, договорот бил направен со посредство на адвокатот на Изборниот штаб и на Националниот комитет, Марк Елиас, кој одбил да ги коментира информациите.

Првично, составувањето на досие со компромитирачки материјали за Трамп почнало по нарачка на поддржувачи на Републиканската партија на САД, кои биле незадоволни од неговата одлука да учествува во прелиминарните избори. „Фјужн Џи-Пи-Ес“ за оваа задача го ангажирала и Кристофер Стил, раководител на лондонската фирма „Орбис бизнис интелиџенс“, во која работат поранешни британски разузнавачи.

Републиканската партија престанала да ја финансира истрагата во април 2016 година, откако станало јасно дека Трамп е најверојатен кандидат за претседател на републиканците. Тогаш иницијативата ја презеле Демократите, кои потпишале договор за финансирање со компанијата. „Фјужн Џи-Пи-Ес“ добивала финансии до денот пред изборите.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати