Хезболах со закана до Американците: Ќе станете легитимна цел ако се вклучите во конфликтот

Од:

Хезболах се заканува дека ќе ги нападне американските позиции на Блискиот исток, доколку САД решат да интервенираат во конфликтот меѓу Израел и Хамас.

„Ако САД решат директно да интервенираат, сите американски позиции во регионот ќе станат легитимни цели и ќе се соочат со нашите напади“, изјави портпаролот на либанската терористичка група. Истовремено, Русија вели дека постои голем ризик во конфликтот меѓу Хамас и Израел да се приклучи „трета страна“.

Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков изјави за агенцијата TSAA дека е многу важно да се придвижи кон некаков преговарачки процес што е можно поскоро за да се намали ризикот од ескалација на конфликтот во Израел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос при предавањето на заложниците во Газа, Израел го одложи ослободувањето на затворениците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хамас ослободи осуммина заложници

Катерина Ѓуровски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Хамас утре ќе ослободи тројца израелски заложници

ВИДЕО: Раселените Палестинци масовно се враќаат во домовите на северот на Газа

ВИДЕО: Израелските затворенички му се заблагодарија на Хамас за добриот третман

А1он