Хезболах: Подготвени сме да се браниме, но не и да започнеме конфликт со Израел

Од:

Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, изјави дека Хезболах е подготвен за одбрана, но не донел одлука да започне борба или офанзива, додавајќи дека Израел се обидува да го обликува либанскиот политички систем и да воведе санкции за да ги елиминира клучните сегменти од општеството.

Во интервју за либанската телевизиска станица Ал-Манар, тој нагласи дека движењето е многу повеќе од вооружена група, опишувајќи го како „интегриран стратешки проект“ кој се занимава со одбраната на Либан, како и со неговите социјални и економски потреби.

Касем нагласи дека Хезболах останува посветен на зачувувањето на Либан, но во исто време го критикуваше Либан за „неактивност како одговор на повторените израелски прекршувања на договорите“.

Би можело да ве интересира

Калас: Израелските акции сериозно го загрозуваат примирјето

Израел: Ја убивме „десната рака“ на водачот на Хезболах

Израел: Убивме клучен терорист – дејствуваше под маската на новинар на Ал Џезира

Израелските одбранбени сили ќе воспостават нова безбедносна зона во Јужен Либан

Иран: САД мора да изберат дали сакаат војна или мир

Израел и Либан започнуваат разговори