Хeзбoлах ја презеде одговорноста за бомбашките напади во Либан

Од:

Хезболах ја презеде одговорноста за двата минатонеделни бомбашки напади во јужен Либан, во кои беа ранети четворица израелски војници, кои навлегле во земјата, пренесоа британските медиуми.

Лидерот на либанското шиитско движењее шеик Хасан Насрала во интервју за локалната телевизија „Ал Мајадин“ соопшти дека борците на Хезболах ги подметнале бомбите во регионот преку кој знаеле дека ќе минат израелските војници.

Првата експлозивна направа била детонирана при појавата на првата група војници од израелските специјални единици.

Втората бомба била активирана при пристигнувањето на израелски единици за поддршка.

Либанската армија минатата недела соопшти дека израелски војници навлегле 400 метри во внатрешноста на територијата на земјата.

Израелски воен порпарол само кусо соопшти дека четворица војници биле ранети при „активност во близина на границата“.

Шеик Хасан Насрала увери дека активирањето на бомбите била контролирана и испланирана операција.

Лидерот на Хезболах не објасни како борците на неговото движење дознале за израелскиот упад на либанска територија, но предупреди дека нема да прифати слични нарушувања на територијалниот суверенитет на Либан.

Би можело да ве интересира

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Либанската армија се подготвува да се распореди на југот од земјата по постигнување прекин на огнот

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот