Хезболах: Израел поставува кукли наместо војници на границата со Либан

Од:

На профили на корисници поврзани со Хезболах, чие седиште е во Либан, на социјалните мрежи се објавуваат фотографии на кои наводно се гледа дека израелската армија поставила кукли во воени возила на границата меѓу двете земји.

Дописникот на Ал-Манар, сателитска телевизија на Хезболах, Али Шоаиб на својот профил на Твитер објави фотографии од кукли во униформи со кои наводно се заменети војници во џип на границата со Либан.

Шоаиб овој потег го нарече „шега“, наведувајќи дека „непријателот се уште мора да научи дека се соочува со паметна, професионална, храбра и верна група, која може да ги порази“, пренесува „Џерусалим пост“.

Телевизијата наведува дека израелските медиуми пренесуваат оти армијата на земјата одбила да ги коментира фотографиите, истакнувајќи дека „не одговара на странски извештаи“.

Би можело да ве интересира

Израел и Хамас се обвинуваат за опструкции во преговорите за прекин на огнот

Израел потврди дека стои зад атентатот на лидерот на Хамас

Во последните 24 часа во Газа загинаа повеќе од 20 лица

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Најмалку 15 лица загинаа во израелски напади врз училишта во Газа

(ВИДЕО) Нетанјаху: Израел ќе остане на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне друг договор