Хуан Орландо Хернандес победи на претседателските избори во Хондурас што се одржаа на 26 ноември, соопштија од изборната комисија.
По одржувањето на претседателските избори приврзаниците на противкандидатот на Хернандез, Салвадор Насрала протестираа и го обвинија претседателот за изборен фалсификат. Во протестите досега се убиени 17 лица.
Според изборната комисија, Хернандес освоил 42,95 отсто од гласовите, додека Насрала освоил 41,41 отсто.
Насрала синоќа отпатува во Вашингтон со цел на претставниците на Стејт департментот и на Организацијата на американските држави да им ги презентира своите аргументи за тврдењата за изборен фалсификат.