Хеликоптер на НАТО по грешка уби четири авганистански војници во источниот дел од државата, соопштија власти.
Авганистански портпарол прецизира дека хеликоптерот на Алијансата бил повикан за поддршка при напад врз контролен пункт во округот Бати Кот, во провинцијата Нангархар.
Портпарол на НАТО изјави дека трагичниот инцидент се случил синоќа и оти се врши истрага.