Хегер: Ако Украина не успее, Словачка е следна, Украинците мора да победат

Од:

Премиерот на Словачка, Едуард Хегер предупреди за иднината на својата земја, во случај Русија да ја порази Украина.

– Ако Украина не успее, Словачка е следна. Тие (Украинците) мора да победат, истакна тој денеска меѓу другото, на Светскиот економски форум во Давос.

Тој критикуваше членки на Европската Унија поради премногу потпирање на руската енергија.

– Ние всушност предолго ги менувавме нашите вредности за евтин гас и нафта, додаде Хегер.

Тој продолжи со тоа дека „компромисот со Путин предизвика војна во Украина. Агресивна војна, луѓе умираат“.

Хегер побара да се работи со Украина и со Западен Балкан за да се дојде до „стандардизирани правила за тие да можат да пристапат во ЕУ“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Порака на Трамп до Русија: „Ако не се договориме, ќе воведам санкции“

Вучиќ со Зеленски: Разговаравме за можностите за постигнување мир

Зеленски призна: Ни требаат милион војници

Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина