Хавковски: Зеленски сака Полска да соборува ракети над Украина

Од:

Полскиот вицепремиер Кшиштоф Хавковски го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека се обидува да ја вовлече Полска во војна со Руската Федерација.

„Имам впечаток дека последните зборови што излегоа од устата на претседателот Зеленски се недостојни за политичар кој и должи многу на Полска. Опремата им беше предадена, граѓаните беа згрижени, Полска е голем пријател на Украина Ми се чинеше дека во такви ситуации треба да кажете „благодарам“ на некого“, а не да бидете пребирливи“, рече полскиот вицепремиер.

Тој ги критикуваше повиците на украинскиот претседател да се соборат руски ракети и беспилотни летала над украинска територија.

„Зеленски сака Полска да соборува ракети над Украина, односно сака Полска да влезе во војна, односно сака Полска да се бори со Русија… Не се согласувам со таквите изјави“, додаде тој.

Хавковски рече и дека добил впечаток дека „Украина и украинскиот претседател заборавиле како Полска се однесувала и колку помогнала од 2022 година.

Би можело да ве интересира

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Трамп: Зеленски ќе има големи проблеми ако се повлече од договорот за ретки минерали

Горан Наумовски

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Терехов: Харков е нападнат од руски беспилотни летала