Харпер ќе му претстави план на Столтенберг за проширување на кандската мисија во борбата против ИД

Од:

Канадскиот премиер Стивен Харпер денеска во Отава ќе го претстави пред генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг планот за проширување на канадското воено учество во меѓународната коалиција во борбата против Исламска држава (ИД).

– Канадската мисија во меѓународната коалиција завршува следниот месец и Харпер ќе ги изложи пред Столтенберг деталите за нејзино продолжување и проширување, соопшти висок претставник на канадската Влада.

Шеесет и девет војници од специјалните единици на Канада им помагаат на курдските борци во северниот дел на Ирак. Шест канадски авиони-ловци ЦФ-18 се стационирани во Кувајт.

Досега земјата нема воено учество во операциите на меѓународната коалиција во Сирија, но Харпер планира да го разгледа и тоа прашање со генералниот секретар на Алијансата.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море