Харис демонстрираше како се полни електричен автомобил и порача изградба на 500.000 станици за полнење

Од:

Потпретседателката на САД, Камала Харис, го претстави планот на Белата куќа за изградба на 500.000 нови станици за полнење на електрични автомобили низ целата земја. Ова е дел од ветувањето на претседателот Џо Бајден електричните автомобили да станат подостапни за локален и меѓуградски превоз.

Харис денеска присуствуваше на церемонија на отварање на станица за полнење на електромобили во близината на Вашингтон.

-Нема никаков сомнеж дека иднината на транспортот во нашата земја и во светот припаѓа на електричната енергија, изјави таа.

Администрацијата на претседателот Бајден сака продажбата на нови електрични автомобили во САД до 2030 година да достигне 50 отсто од вкупната продажба на автомобили.

Харис кажа дека способноста на земјата да произведува, полни и сервисира електромобили ќе биде главен чинител за здравјето на американските зедници, закрепнувањето на економијата и одржливоста на планетата.

Би можело да ве интересира

Трамп освои 301 електорски глас, се очекува да победи и во Невада

ВИДЕО: Како трошите една милијарда долари и губите – Демократите бараат одговори

Камала Харис го призна поразот

Предраг Петровиќ

Првични анкети: Мала предност на Харис, одлучуваат „свинг“ државите

Обложувалницата Полимаркет бележи зголемени шанси Доналд Трамп да стане претседател

Објавена симулација: Харис победува на изборите во САД