Шест чувари во затворот во Торино се повредени кога се обиделе да интервенираат во немирите што избувнаа во повеќе одделенија на институцијата, додека уште двајца се задушиле од чад во подметнат пожар, јавија денеска италијанските медиуми.
Нередите избувнале вчера и траеле до денес, јавува Анса. Повредите на чуварите не биле сериозни и најпрвин им била укажана лекарска помош во болница, а потоа пуштени на домашно лекување.
Немирите избувнале кога десетина затвореници се степале на третиот кат од павилјонот Б.
Тие одбиле да се вратат во ќелиите, а еден од нив запалил душек. Во меѓувреме, протест избувнал и во павилјонот Ц на затворот. Затворениците кршеле мебел, оштетиле неонско осветлување и системот за видео надзор, запалиле душеци и други предмети.
Вработените во затворот кои не се на должност, како и чуварите од другите казнени институции во Пиемонт, исто така беа повикани да помогнат во смирувањето на немирот.