Хант: Ова е историски момент со кој се затвора деценискиот спор

Од:

Велика Британија му честита на грчкиот Парламент за успешната ратификација на Договорот од Преспа. Ова е историски момент со кој се затвора деценискиот спор. Денешното гласање овозможува да се заврши имплементацијата на Договорот, кој ја има целосната поддршка од Велика Британија, истакна вечерва британскиот секретар за надворешни работи Џереми Хант.

Според него, и двете земји покажале голема храброст и волја да работат заедно кон вистински промени.

– Договорот ја зголемува перспективата за стабилност и просперитет низ целиот регион. Со нетрпение очекуваме да работиме заедно со двете сојузнички земји во интерест на европската безбедност, додаде Хант.

Би можело да ве интересира

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Инцидент во Велика Британија: Полицијата пукаше и уби маж кој тргнал кон нив со нож

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот