Хан: Ситуацијата мора да се гледа со голема загриженост поради овластувањата на Орбан

Од:

Европскиот комесар за финансии Јоханес Хан изрази загриженост поради вонредните закони донесени од Унгарија, што му дадоа на премиерот Виктор Орбан особено високи овластувања.

Хан, кој е потпретседател на Европската народна партија (ЕПП), за австриското радио Ое1, изјави дека го следи развојот со голема загриженост.

– Фактот дека имаме 14 држави што користат вонредни закони, од кои 13 се под целосна парламентарна контрола, често со влади кои немаат мнозинство во парламентот, покажува дека тоа е исто така можно. Затоа, да бидам искрен, имам многу малку разбирање и објаснување за тоа што Орбан оди по тој пат, со оглед дека неговата Влада, како единствена во Европа, има двотретинско мнозинство во Собранието, објасни тој.

Да се каже дека парламентот го забавува процесот на донесување одлуки, според неговите зборови, не е валиден, и затоа ситуацијата мора да се гледа со голема загриженост.

Во врска со можните санкции од страна на ЕУ, Хан рече дека најпрво е потребна анализа.

Би можело да ве интересира

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Орбан: Брисел се подготвува за војнa

Орбан: Европската Унија денес е лав без заби, без ресурси и автономна сила

Се подготвува воен сојуз меѓу Србија и Унгарија

Сијарто: Унгарија не го поддржа новиот пакет помош на ЕУ од 20 милијарди евра за Украина

Зеленски: Унгарија е единствената земја што го блокира членството на Украина во ЕУ