Хамнеи помилува 53 осуденици на смрт

Од:

Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи помилува 2.827 затвореници пред 45-годишнината од Исламската револуција, вклучително и 53 лица осудени на смрт, изјави заменик-шефот на иранската правда, Радими Садек.

– Имињата на 2.827 лица чии случаи беа разгледани од комисијата за помилување и кои ги исполнија условите за амнестија му беа претставени на врховниот лидер на Иран – рече Садек.

Садек изјави дека 996 лица се ослободени и нивните случаи се отфрлени.

Казните на преостанатите 1.831 затвореник беа променети. Во исто време, за 53 лица смртните казни им се сменети во затвор, објави агенцијата Ирна.

Садек додаде дека на списокот за амнестија има 196 жени, меѓу кои 35 странски државјани, 34 жени обвинети за дејствување против националната безбедност на Иран и три малолетни Иранци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран објави снимка од подземен ракетен град

Закана од Иран: Доколку непријателите згрешат, ќе ги испратиме во длабочините на пеколот

Силен земјотрес го погоди дел од Иран во близина на иранска нуклеарна централа

Хамнеи: Американци, правите голема грешка

Трагедија на фестивал во Иран: Најмалку 21 мртов и над 6.000 повредени

Горан Наумовски

Иран го чека тајното писмо од Трамп