Хамнеи: Израел направи голема грешка и ќе биде казнет поради тоа

Од:

Ајатолахот Али Хамнеи денеска им се обрати на граѓаните преку иранските медиуми.

Врховниот лидер на Иран рече дека Израел направил „голема грешка“ и вети дека земјата ќе биде „казнета“.

Хамнеи додаде дека луѓето нема да ја заборават крвта на „мачениците“ и нападот врз нивната земја.

Според новинската агенција Мехр, Хамнеи „го пофалил непоколебливото, храбро и навремено однесување на иранскиот народ“.

Тој, исто така, предупреди дека „секоја воена интервенција на САД несомнено ќе предизвика непоправлива штета“, осудувајќи ги „заканувачките и смешни изјави“ на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Соединетите Американски Држави мора да знаат дека Иран нема да се предаде“, рече Хамнеи.

Изјавите доаѓаат откако Трамп побара „безусловно предавање“ од Техеран и објави дека ја разгледува можноста за напад врз Иран.

Би можело да ве интересира

Калибаф: Нацистите од 21 век мора да бидат запрени

Русија е загрижена за заканата од нови напади врз иранските нуклеарни објекти

ЕУ сака да воведе санкции против Израел, но Германија и Италија одложуваат

Холандија воведе санкции за двајца израелски министри поради повици за „етничко чистење на Газа“

Повеќе од 1000 рабини го обвинија Израел дека „користи глад како оружје“

Катерина Ѓуровски

Бизарните тврдења на Мосад: Хамнеи само спие и користи дрога

Горан Наумовски