А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Хамнеи ги префрли овластувањата на врвот на Револуционерната гарда

by А1он17/06/2025 - 19:332994
Share0

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, ги префрли клучните овластувања на Врховниот совет на Иранскиот корпус на револуционерната гарда (IRGC), дознава Iran International, по неговото петдневно отсуство од јавноста.

Добивај вести на вибер

Вонредната одлука доаѓа откако се појавија извештаи дека Хамнеи бил преместен во подземен бункер во Лавизан, североисточно од Техеран, со членови на неговото најблиско семејство, вклучувајќи го и неговиот син Моџтаба.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го спомена преку мрежата Truth Social. „Знаеме точно каде се крие таканаречениот „Врховен лидер“. Тој е лесна цел, но таму е безбеден, нема да го отстраниме (да го убиеме!), барем не засега. Но, не сакаме ракети испукани кон цивили или американски војници. Нашето трпение е при крај. Ви благодариме за вашето внимание!“, објави тој.

Иран сè уште официјално не прогласил воена состојба, но судските службеници признаа дека земјата работи под фактичка вонредна состојба. Префрлањето на овластувањата се толкува како превентивна мерка за да се обезбеди континуитет на командата во случај на смрт на Хамнеи.

hamneiiranizraelsvet

Би можело да ве интересира

Трамп е нервозен: Само јас одлучувам за напад врз Иран

Горан Наумовски24/02/2026 - 13:19

Трамп под притисок на безбедносните советници поради можен напад врз Иран

Горан Наумовски24/02/2026 - 06:5624/02/2026 - 07:27

„Фајненшл тајмс“: Иран и Русија имаат таен договор вреден 500 милиони евра

Горан Наумовски23/02/2026 - 14:05

Аракчи: Иран сега е во подобра ситуација отколку во војната со Израел

Горан Наумовски23/02/2026 - 09:20

Техеран е подготвен да направи отстапки во замена за укинување на санкциите од САД

Горан Наумовски23/02/2026 - 06:46

ВИДЕО: Војската го уби Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико, избувнаа немири

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 21:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен