Хамнеи: Директно вклучување на САД во конфликтот на Иран со Израел ќе има „непоправливи последици“

Од:

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денес предупреди дека секое директно вклучување на САД во конфликтот на Иран со Израел ќе има „непоправливи последици“.

„Ционистичкиот ентитет (Израел) направи тешка грешка и ќе се соочи со последиците“, рече Хамнеи во телевизиско обраќање.

Тој додаде дека Иран нема да го прости нарушувањето на неговиот воздушен простор или пролевањето на крвта на неговите „маченици“.

„Оние кои ја познаваат историјата и народот на Иран знаат дека е подобро да не се закануваат“, рече Хамнеи, нагласувајќи:

„Американците мора да разберат дека секоја воена интервенција несомнено ќе предизвика сериозна, непоправлива штета. Тие мора да знаат дека Иран нема да се предаде и дека секој американски напад ќе ги чини скапо – во форма на сериозни и непоправливи последици“.

Регионалните тензии ескалираа од петокот, кога Израел изврши воздушни напади врз повеќе локации низ Иран, вклучувајќи воени и нуклеарни објекти, што го натера Техеран да започне одмазднички напади.

Би можело да ве интересира

Како Израел и САД ги ликвидираат иранските шефови?

А1он

Иран се закани: Ќе гори Блискиот Исток

Горан Наумовски

Дрон ја погоди американската амбасада во Багдад

Иран: Заробивме американски шпиони

Сар: Израел веќе ја доби војната со Иран

Израел: Убивме ирански министер