Хамас: Вооружениот отпор е легитимно право, подготвени сме за техничка администрација во Газа

Од:

Шефот на палестинското милитантно движење Хамас во Појасот Газа, Халил ал-Хаја, денес изјави дека „палестинскиот отпор и неговото оружје се легитимно право загарантирано со меѓународното право“.

Халил ал-Хаја додаде дека движењето е „отворено да ги разгледа сите предлози што го зачувуваат тоа право“ и дека Хамас е подготвен да формира техничка администрација во Газа.

Зборувајќи по повод 38-годишнината од основањето на движењето, тој за Ал Џезира изјави дека отпорот постигнал голем број резултати, вклучително и, како што рече, уништување на митот за стратешко одвраќање и израелска безбедносна надмоќ. Ал-Хаџа повика на итно формирање на техничка, или експертска, комисија од независни Палестинци за управување со Појасот Газа, нагласувајќи ја подготвеноста на Хамас целосно да му ги предаде сите овластувања и да ја олесни неговата работа.

Би можело да ве интересира

Левица: Муцунски во Израел ја загрозува безбедноста на македонските граѓани врзувајќи ги со осомничени воени злосторници

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа

„Фокс њуз“: САД за сè беа известени однапред

Горан Наумовски

Палестински медиуми: Доселениците запалија земјиште и каменуваа жители на Западниот Брег

(ВИДЕО) Нова ескалација на Блискиот Исток: Израел нападна воен аеродром во Сирија

Кушнер и Нетанјаху четири часа разговараа за Газа, САД сакаат да го тестираат Хамас