Палестинското исламистичко движење Хамас соопшти дека намерата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја премести амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим ги преминува сите „црвени линии“ и ги повика Палестинците на демонстрации в петок, кој го прогласи за „ден на гневот“.
– Со признавањето на окупираниот Ерусалим за главен град на окупаторот и со преместувањето на Амбасадата, американската Администрација ги преминува сите црвени линии, изјави лидерот на Хамас, Исмаил Ханија во писмо до лидерите на арапските и муслиманските држави.