Хамас објави видео од припадничка на ИДФ: Ноа е мртва

Од:

Ноа Марсијано беше припадничка на военото разузнавање и беше киднапирана од нејзината база во Нахал Оз, кибуц во јужен Израел, за време на прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври врз јужните израелски заедници во кој убија повеќе од 1.200 луѓе и киднапираа повеќе од 240 други.

Во понеделникот Хамас објави пропагандно видео на кое се гледа како Ноа Марсијано (19) се идентификува и ги рецитира имињата на нејзините родители и нејзиниот роден град. Видеото потоа се прекинува со слики на кои се гледа како лежи мртва со крвава рана на главата.

Хамас соопшти дека смртта на Ноа Марсијано е резултат на воените напади на ИДФ во Газа.

Сепак, експертите велат дека повеќе изгледа како киднаперите да ја претепале до смрт.

„Нашето срце е со семејството Марсијано, чија ќерка Ноа беше брутално киднапирана од терористичката организација Хамас“, се вели во соопштението на ИДФ, и се додава: Хамас продолжува со психолошкиот терор и се однесува нехумано низ видео снимки и фотографии од киднапираните, како што тоа го правеше и во минатото.

Армијата додаде дека „ги користи сите средства, и разузнавачки и оперативни, за да ги врати заложниците дома“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски

Потребно е само „зелено светло“ од кабинетот на Нетанјаху за прекин на огнот во Газа