Хамас: Најавената офанзива на Израел на Рафа ќе ги запре преговорите за заложниците

Од:

Претставник на Хамас денеска изјави дека најавената израелска офанзива во Рафа ќе го оневозможи преговарањето за ослободување на заложниците кои ги држи милитантната палестинска група.

Претставникот изјави за каналот Ал Акса на Хамас дека доколку Израел започне офанзива на Рафа на границата со Египет, каде што се засолниле околу милион раселени Палестинци, тие ќе ги прекинат сите преговори за договор за ослободување на заложниците.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави за ABC News во извадок од интервјуто што ќе биде емитувано подоцна денеска дека Израел „ќе ги порази преостанатите терористички баталјони на Хамас во Рафа“.

Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека премиерот и наредил на израелската војска да подготви план за евакуација на Рафа и уништување на четирите баталјони на Хамас, за кои рече дека се распоредени таму.

Нетанјаху пред нападот на Израел на Рафа: Победата е „при рака“, ќе обезбедиме безбеден премин за цивилите

По неуспешните разговори за прекин на огнот во Појасот Газа, Нетанјаху оваа недела рече дека израелските сили ќе се борат до „тотална победа“.

Израелската армија претходно им нареди на цивилите да се евакуираат на југот на Појасот Газа пред нападот, но сега Палестинците немаат каде да одат, а хуманитарните агенции предупредуваат дека голем број цивили може да бидат убиени во нападите на Рафа.

Би можело да ве интересира

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња