Хамас ја обвини израелската армија за масакр врз 35 лица во Газа, Израел вели дека не знае ништо за тоа

Од:

Палестинската милитантна организација Хамас денес го обвини Израел за убиство на повеќе од 35 лица во центар за дистрибуција на хуманитарна помош во Рафа.

Хамас во соопштението изјави дека нападот го извршила „фашистичката окупаторска армија“ која ги таргетирала илјадници граѓани на пат кон центарот за дистрибуција на помош во градот Рафа, објави Ал Џезира.

Израелските сили наводно отвориле оган, убивајќи повеќе од 35 лица и ранувајќи повеќе од 150.

„Ја сметаме ционистичката окупација, заедно со администрацијата на Соединетите Американски Држави, за одговорни за овие масакри. Механизмот за дистрибуција на помош, каков што е воспоставен, се користи за да се изгладни нашиот народ“, изјави Хамас во соопштението.

Хамас ги повика Обединетите нации да формираат меѓународна независна комисија која ќе дојде во Газа и ќе истражи, како што вели, „систематски злосторства против цивили“.

Од друга страна, „Тајмс оф Израел“ објави дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) изјавиле дека немаат сознанија за какви било извештаи за повреди во центар за дистрибуција на хуманитарна помош во јужна Газа.

„Во овој момент, немаме сознанија за какви било извештаи дека нашите сили отвориле оган врз место за дистрибуција на помош. Истрагата е во тек“, се вели во соопштението на Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Во исто време, Хуманитарната фондација за Газа соопшти дека израелските војници испукале предупредувачки истрели рано утрово додека луѓето се собирале во центарот за дистрибуција на хуманитарна помош за да земат храна, објави Асошиејтед Прес.

Организацијата изјави дека тврдењата дека десетици Палестинци се убиени не се вистинити и дека информациите за смртни случаи, масовни повреди и хаос се лажни. Фондацијата претходно објави дека 16 камиони доставиле хуманитарна помош утрово без никакви инциденти.

Би можело да ве интересира

Официјална потврда: Спречен е „нов 11 септември“

Пилоти се истепале во авион за Тел Авив: Израелците мислеле дека е киднапирање, кренале ловци

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

Синот на израелскиот амбасадор во САД тешко повреден на Западниот Брег: „Му треба чудо“

ВИДЕО: Хутите осовјуваат клучни територии, илјадници цивили бегаат од Јемен

Нетанјаху по нападот на Западниот Брег: Ќе ги повикаме на одговорност сите терористи!

А1он