Хамас изрази подготвеност да се повлече од Појасот Газа

Од:

Палестинското милитантно движење Хамас изрази подготвеност да ги повлече своите борци од Појасот Газа во замена за повлекување на израелските трупи до договорените точки, објави телевизијата Ал Арабија, повикувајќи се на неименувани, добро информирани извори.

Во извештајот се вели дека делегацијата на Хамас во Каиро им ги пренела на египетските медијатори своите предлози за можен договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

„Хамас изрази подготвеност да ги повлече своите борци во замена за повлекување на Израел до договорените точки, нагласувајќи ја својата посветеност на зачувувањето на животите на заложниците“, соопштија извори на телевизијата Ал Арабија.

Би можело да ве интересира

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна