Хамас ги предаде останките на уште четворица починати заложници

Од:

Хамас ги предаде останките на уште четири починати заложници. Прво на Црвениот крст, кој потоа ги предаде на Израелските одбранбени сили (ИДФ) и безбедносната агенција Шин Бет во Газа.

Нивната идентификација ќе се изврши во Националниот институт за судска медицина. Израелските одбранбени сили (ИДФ) ја повикуваат јавноста да биде претпазлива и да почека официјална идентификација, која прво ќе им биде соопштена на семејствата.

„Сите семејства на заложниците се информирани за овој случај и во ова тешко време, нашите срца се со нив. Напорите за враќање на нашите заложници продолжуваат неуморно и нема да престанат додека не се врати и последниот заложник“, соопшти канцеларијата на Бенјамин Нетанјаху.

Хамас досега ги врати останките на осум заложници. Организацијата вели дека се обидува да пронајде уште дваесет тела на загинати заложници.

Би можело да ве интересира

Израел доби одобрение да напаѓа цели на Хамас од својата страна на „Жолтата линија“

Израел ги прими останките на двајца заложници

Хамас не знае каде се петте мртви заложници

ВИДЕО: Трамп се обидува да го спаси примирјето во Газа

Израел започна нов напад врз Газа: Хамас сериозно го прекрши прекинот на огнот

Нетанјаху: Израел е посветен на договорот за прекин на огнот со Хамас