Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

Од:

Високиот функционер на Хамас Басем Наим вчера ги повика светските лидери, вклучително и новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, да ги преземат неопходните чекори за да се запре војната во Појасот Газа.

Наим посочи дека милитантната група е подготвена „веднаш“ да постигне прекин на огнот во Појасот Газа, посочувајќи дека Израел со месеци не презентирал „сериозни предлози“.

Тој во интервју за Sky News рече дека последниот „добро дефиниран договор со посредство“ бил на 2 јули, но дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху избрал да не склучи примирје со палестинската група, одбивајќи трајно да стави крај на израелската окупација и присуството на израелски војници во палестинската енклава.

Зборувајќи за претстојната промена на администрацијата во САД, Наим рече дека Хамас го повикува „кој било претседател, вклучително и Доналд Трамп, да ги преземе неопходните чекори за итно прекинување на војната. Наим негираше дека нападот на Хамас врз Израел минатиот октомври предизвикал ескалација на насилството, велејќи дека овие тврдења „ја обвинуваат жртвата за злосторството на агресорот“. Тој истакна дека една недела пред 7 октомври минатата година, стотици Палестинци беа убиени во близина на границата со Газа и дека луѓето гладуваат.

„Тоа е чин на самоодбрана“, рече тој за нападите на 7 октомври.

Тој истакна дека е и член на Хамас и невин палестински цивил, нагласувајќи го неговото право да живее слободно и достоинствено, како и правото на самоодбрана, според Скај њуз. Наим рече дека не жали за нападот врз Израел минатата година.

„Дали верувате дека затвореникот кој чука на вратата или кој се обидува да излезе од затвор мора да се покае за својата волја? Ова е дел од нашето достоинство. Дел од нашето достоинство да се браниме. Да ги браниме нашите деца“, рече тој.

Иранската амбасада во Либан вчера објави дека земјата е вклучена во разговори за ставање крај на конфликтот во Либан, пренесе Ројтерс.

Високиот ирански функционер Али Лариџани и претседателот на либанскиот парламент Набих Бери вчера разговараа за напорите за постигнување прекин на огнот во Либан, соопшти иранската амбасада во Либан во соопштение на платформата „Х“.

Би можело да ве интересира

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

ВИДЕО: Хамас ги предаде телата на четири убиени заложници

Катерина Ѓуровски