Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор

Од:

Хамас денеска изјави дека најавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Франција може да ја признае палестинската држава до јуни е „важен чекор“ откако израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го осуди планот, објави „Тајмс оф Израел“.

Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци и тоа би можела да го стори уште на конференцијата на Обединетите нации посветена на решавање на конфликтот меѓу Израел и Палестинците, што ќе се одржи во јуни оваа година во Њујорк, изјави вчера францускиот претседател Емануел Макрон.

„Мораме да тргнеме кон признавање на палестинската држава и тоа ќе го направиме во наредните месеци. На конференцијата на ОН би можеле да го финализираме меѓусебното признавање (на палестинската држава) и неколку други држави. Ќе го сториме тоа“, рече Макрон во интервју за ТВ Франс 5.

Би можело да ве интересира

Судот во Париз одлучи: 10 лица се виновни за навредите кон Брижит Макрон на социјалните мрежи

Макрон: Напредок во безбедносните гаранции за праведен и траен мир во Украина

Дуров: Макрон ја претвора ЕУ во дигитален гулаг

Хамас: Израел го крши прекинот на огнот, целта е да се спречи преминот во втората фаза

Макрон: Мислам дека ќе биде корисно повторно да разговарам со Путин

Макрон: ЕУ ќе најде заедничко решение за финансирањето на Украина