Палестинското движење Хамас е подготвено за „целосен компромис“ за размена на заробеници со Израел, изјави член на администрацијата на движењето Гази Хамад.
Хамад во интервју за „Ен-Би-Си“ рече дека тоа имплицира дека треба да се ослободат и Палестинците кои се наоѓаат во израелските затвори.
– Сакаме тие луѓе да си одат дома. Но, сакаме и нашите затвореници да се вратат дома – рече Хамад, додавајќи дека тоа се однесува и на воените и на цивилните заложници.