Хамас е подготвен веднаш да седне на преговарачка маса

Од:

Палестинската милитантна група Хамас денес изјави дека е подготвена „веднаш да седне на преговарачка маса“, да разговара за ослободување на сите заложници во замена за јасна декларација за крај на војната, целосно повлекување на Израел од Појасот Газа и формирање на независна палестинска власт за управување со енклавата.

Палестинската организација во соопштението изјави дека добила „некои идеи од американската страна насочени кон постигнување договор за прекин на огнот“ и додаде дека ја поздравува секоја иницијатива што придонесува за напорите за запирање на агресијата врз палестинскиот народ, објави Ал Џезира.

Во соопштението се додава дека Хамас е во постојан контакт со медијаторите за да ги претвори овие идеи во сеопфатен договор што ги исполнува барањата на групата.

Хамас, исто така, потсети дека се согласил на сличен предлог кон средината на минатиот месец, повторно тврдејќи дека Израел сè уште не одговорил.

САД изготвија нов предлог и го доставија до Израел и Хамас, кој би вклучувал итно прекин на огнот во замена за ослободување на сите затвореници што ги држи Хамас и ослободување на илјадници палестински затвореници што се чуваат во израелските затвори.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека ѝ дава последно предупредување на палестинската милитантна група Хамас да ги прифати условите за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците.

„Сите сакаат заложниците да си одат дома. Сите сакаат оваа војна да заврши! Израелците ги прифатија моите услови. Време е и Хамас да ги прифати. Го предупредив Хамас за последиците од неприфаќањето. Ова е моето последно предупредување, нема да има второ“, рече Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

Би можело да ве интересира

Хамас: Не го предаваме оружјето и не прифаќаме странска власт на палестинска територија

Смрт и разурнување во Газа: Девет жртви, вклучително и деца

Израел врши притисок врз САД да го нападнат Иран

Замир: САД би можеле да го нападнат Иран за две недели

Нетанјаху предупредува: Антисемитизмот ја загрозува иднината на цивилизацијата

Блер ќе работи на спроведување на мировниот план за Газа без надомест