Хамас е подготвен да ги ослободи цивилите, но не и израелските војници

Од:

Палестинското милитантно движење Хамас е подготвено да ги ослободи сите цивилни заложници, но не и заробените израелски војници.

За нивно ослободување тој очекува преговори и меѓусебна размена на затвореници со Израел, изјави за РИА Новости Муса Абу Марзук, еден од водачите на милитантите.

Тој објасни дека Хамас ги дели заложниците во две категории: едната се невини цивили кои ќе бидат ослободени и нема вина за нив, а другата се војници, односно за нивно ослободување се потребни преговори и размена на затвореници.

На 7 октомври, Израел беше подложен на невиден ракетен напад од Појасот Газа како дел од операцијата „Поплава Ал Акса“ што ја најави военото крило на палестинското милитантно движење Хамас.

После тоа, милитантите влегоа во пограничните области на југот на Израел, каде отворија оган и врз војската и врз цивилите, а земааа и заложници.

Во Израел, според локалните власти, загинале повеќе од 1.400 луѓе, од кои 300 војници, а повеќе од 5.000 биле ранети.

Како одговор, израелските одбранбени сили ја започнаа операцијата Железни мечеви против Хамас во Појасот Газа.

Бројот на жртвите во овие напади на палестинската енклава, според локалното Министерство за здравство, надмина 7.300 луѓе, а над 18.000 се повредени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан