Палестински Хамас би го поддржал руското посредување во решавањето на палестинско-израелскиот конфликт, но Израел не сака да се согласи со тоа бидејќи ги следи само позициите на САД, изјави член на Управниот одбор и шеф на Одделот за надворешни односи од Хамас, Муса Абу Марзук.
„Го поздравуваме руското посредување во конфликтот со Израел, меѓутоа, тие не одговорија иако од самиот почеток побаравме Москва да се приклучи на процесот. Како што знаете, посредникот треба да биде одобрен од двете страни“, рече тој, објави Спутник.