Хакери украле милиони податоци на политичари и познати личности во Германија

Од:

Непознати хакери украле милиони податоци на германски политичари, новинари и познати личности, пренесе германскиот дневник „Билд“, нагласувајќи дека се работи за досега најголем хакерски напад во досегашната историја на Германија.

Веќе илјада податоци се делумно лични информации објавени преку интернет, а засега не се познати кои се хакерите. Само се знае дека бил прекинат во октомври, а не се знае кога почнал.

Со нападот погодени се политичри од речиси сите политички партии, со исклучок на десничарската АФД, чии податоци засега не се објавени.

Меѓу жртвите на нападот е и претседателот на Германијас, Франк Валтер Штајнмајер, но и познати уметници и новинари, пред се јавните сервиси АРД и ЗДФ. Само во АРД се погодени 33 новинари.

Сојузната служба за заштита на уставноста, од синоќа почна истрага за овој случај и разменува информации со странски разузнавачки служби, за да се влезе во трага на потеклото на хакерскиот напад.

Германските медиуми шпекулираат дека зад нападите би можеле да стојат земји како Кина и Русија, бидејќи Москва наводно со години спроведува масивни хакерски напади во Германија, а не може да се исклучи ни соработката со германските десничарски екстремистички групации.

Првичната истрага покажала дека хакерите најверојатно упаднале во компјутерите преку програмата за пишување мејлови – „Аутлук“.

Би можело да ве интересира

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он