Хајаши: Шефовите на дипломатиите на Г7 го осудија признавањето на ДНР и ЛНР

Од:

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Групата седум индустриски најразвиени земји денеска за време на телефонски консултации се согласија да ја осудат одлуката на Русија да ги признае двете самопрогласени републики во источна Украина, изјави јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши.

Хајаши, пренесоа британските меидуми, кажа дека министрите се согласиле дека признавањето на двете самопрогласени републики е кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и на меѓународното право.

Јапонскиот министер разговараше со новинарите веднаш по разговорите со колегите од Г7.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ги потпиша указите за признавањето на самопрогласената „Доњецката Народна Република“ (ДНР) и „Луганската Народна Република“ (ЛНР), што наиде на остра осуда од многу западни претставници и закани со санкции против официјална Москва.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари