Хаг: Русија да плати 50 милијарди долари за Јукос

Од:

Меѓународниот арбитражен суд во Хаг на Русија и наложи да плати 50 милијарди долари отштета за акционерите на поранешниот нафтен гигант Јукос. Тоа е пресудата од десетгодишниот судски спор по тужбата за руската власт дека ја прекршила Енергетската повелба на ЕУ при експропријацијата на имотот по банкротот на Јукос.

Русија освен отштета, која е половина од она што го бараа акционерите (114 милијарди долари) ќе мора да плати и неверојатни 65 милијарди долари за судски трошоци.
Рокот за исплата е јануари 2015 година, а после тоа ќе почне да тече камата.

Русија веќе најави жалба на таквата одлука, која е во корист на компанијата регистрирана на Гибралтар, која некогаш најбогатиот Русин, Михаил Ходорковски ја користеше за управување со Јукос.

-Со големо задоволство можам да потврдам дека едногласно е донесена одлуката за ваквата пресуда, многу поволна за страната која тужеше, рече Тим Озборн, шеф на групата акционери на ГМЛ.

Случајот „Јукос“ е еден од најпознатите во Русија, тема на дебати во последниве 11 години. Руската власт во 2003 година го обвинија раководството на најголемата нафтена компанија за корупција, затајување на данок, перење пари, а после серијата судски процеси Русија го доби и најпознатиот затвореник-олигарх, Михаил Ходорковски.

Неговото затворање се поврзување со критиките кон руската власт, а акционерите тврдеа дека власта го довела Јукос до банкрот, а потоа го зеле сиот имот. Ходорковски, после 10 години затвор, минатата година неочекувано беше помилуван од претседателот Владимир Путин.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски