Гватемалската полиција и војници вчера успеаја да разбијат една група од неколку стотици мигранти од Хондурас, кои две ноќи беа заглавени пред блокада на еден рурален автопат.
Некои од незадоволните мигранти фрлаа камења кон полицијата, додека безбедносните сили возвратија со солзавец и нивно туркање назад по автопатот.
Американските медиуми пренесуваат дека полицијата, без да употреби сила, мигрантите со деца ги потикнуваше да се вратат на начинот на кој дошле.
Гватемалските имиграциски власти соопштија дека друга група од околу 800 мигранти се наоѓала на околу 40 километри северно од автопатот Даз, во близина на Рио Хонда.
Тие, исто така, се блокирани да продолжат напред, но властите соопштија дека успешно преговарале за отворање сообраќајна лента за да можат да минуваат возила.
Американските медиуми проценуваат дека околу 8.000 до 9.000 мигранти од Хондурас се влезени во Гватемала, на пат за САД.
Хондурас во ноември беше погоден од два големи урагана, по кои илјадници луѓе останаа без покрив над главата, но и од пандемијата со Ковид-19.