Гваидо ги обвини властите во Венецуела за снемувањето струја

Од:

Самопрогласениот претседател на Венецуела и лидер на опозицијата Хуан Гваидо ја обвини власта за снемувањето електрична енергија во земјата.

„Луѓе умираа по болниците поради тоа што немаше струја. Ова е вистинско зло. Неопходна е смена на власта“, рекол тој.

Гваидо не верува дека станува збор за саботажа како што тврди претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

„Сите знаеме дека вистинската причина за лошата состојба на електродистрибутивната мрежа е корупцијата во тоа поле“, рекол тој.

Во меѓувреме струјата почнала да се враќа во делови од Венецуела, вклучувајќи ја и престолнината Каракас.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

Продолжува војната на Мадуро и Маск: претседателот на Венецуела ја блокираше платформата X

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот