Гувернерот на Кентаки потврди за 64 жртви од торнадата во централниот дел на САД

Од:

Во Кентаки досега се потврдени 64 смртни случаи по низата катастрофални торнада што викендов удрија врз оваа и неколку други сојузни држави од централниот дел на САД.

Ова денеска го изјави гувернерот на Кентаки, Енди Бешер, кој кажа дека оваа бројка е заклучно со понеделник наутро, а вкупниот број на жртви се уште се утврдува.

Според него, ќе бидат потребни недели пред да се дознае вкупниот број на загинати, како и големината на штетите предизвикани од катастрофалното невреме.

Се дознава дека 105 лица засега се водат за исчезнати.

Во обраќањето до јавноста, гувернерот имаше тешкотии во дишењето, а неговиот глас трепереше кога кажа дека некои од загинатите се идентификувани и новната возраст варира од пет до 86 години. Претходно, тој изјави и дека настрадале и негови роднини.

-Шестмина се помлади од 18 години и од 64 потврдни смртни случаи, 18 се неидентификувани, рече гувернерот Бешер.

Тој во неделата за Си-Би-Ес изјави дека во катастрофата животот го загубиле и негови роднини и членови на семејството.

-Ние сме издржливи луѓе. Ќе поминеме и преку ова, но нема да биде лесно. Се уште не можам да се смирам откако дознав дека мојот вујко изгубил двајца братучеди во округот Муленберг.

Според Вашингтон пост, во жртвите има и бебиња, чија возраст изнесува и 5 месеци. Околу 250.000 домови во државата остануваат без струја.

Претседателот Џо Бајден веќе испрати сојузна помош откако прогласи состојба на катастрофа во повеќе држави зафатени од низата торнада.

Торнада што се јавуваат во централниот дел на САД во декември се дел од „новата нормалност“, предизвикана од климатските промени, изјавија од администрацијата на Бајден.

Торнадата удрија неколку месеци по катастрофалниот земјотрес во Хаити и ураганот Ида од 4 категорија кој летово беснееше над источното крајбрежје на САД и атлансткиот дел на Канада, изјави Дијан Крисвел администратор на ФЕМА, федерална агенција за менаџирање вонредни ситуации.

Би можело да ве интересира

Најмалку три лица загинаа во торнадо во Охајо во САД

(ВИДЕО) Во САД: Торнадо уништи се пред себе, има и жртви

ВИДЕО: Торнадо вовлече бебе и татко во САД, мајката ги раскажа детелите

(ВИДЕО) Торнадо во Франција уништи неколку куќи

(ВИДЕО) Торнадо во Словенија, брзината била поголема од 100 километри на час

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Торнадо го погоди Милано: Страшна снимка од невремето во Италија

Горан Наумовски