Најмалку три лица загинаа во торнадо во Охајо во САД

Од:

Најмалку три лица загинаа во торнадо во американската сојузна држава Охајо, соопштија денеска официјални лица.

Торнадото погоди најмалку седум американски држави на средниот запад и јужниот дел на САД во четвртокот вечерта, јави телевизијата ABC.

Торнада ги погодија Охајо, Индијана, Кентаки, Илиноис, Арканзас, Мисури и Тексас.

– Торнадото предизвика најголема штета во градот Винчестер, Индијана, каде се повредени 38 лица, од кои 12 се пренесени во болници, изјави градоначалникот Боб Мекој на прес-конференција во петокот.

Мекој рече дека 22 куќи се целосно уништени, а 110 куќи се сериозно оштетени во торнадото во Винчестер.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени