Новиот гувернер на Хонг Конг, Лунг Чун-Јинг денеска положи заклетва и неговиот мандат ќе трае пет години.
Лунг (57) стана гувернер и покрај тоа што неговата популарност забележа пад, а против неговата инагурација се одржаа протести.
– Ако заедно работиме сигурен сум дека Хонг Конг, бисерот на Ориентот, повторно ќе блесне, изјави Лунг на инагурацијата, пред да се ракува со кинескиот претседател Ху Џинтао.
Лунг, пошироката јавност го смета за близок до Пекинг, а неговите критичари оценуваат отиу неговата Влада ќе ја продолжи вообичаената политика и ќе ја фаворизира малата елита тајкуни.
Хонг Конг од 1898 до 1997 година беше британска колонија, а денес е под управа на Кина, како посебен административен регион.