Гутереш: Време е да се стави крај на „апсурдната војна“ во Украина

Од:

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска повика на итен прекин на „апсурдната војна“ во Украина, предупредувајќи дека конфликтот „не води никаде“, а украинскиот народ „минува низ вистински пекол“.

– Продолжувањето на војната во Украина е морално неприфатливо, политички неодбранливо и воено бесмислено. Дури и да падне Мариупол, на Украина не може да и се освојува град по град, улица по улица, куќа по куќа. Таа војна не може да се добие. Порано или подоцна, ќе мора да се префрлиме од бојното поле на преговарачка маса, изјави Гутереш пред новинарите во Њујорк, додавајќи дека „е време да се прекине таа апсурдна војна“.

Тој истакна дека речиси десет милиони Украинци ги напуштиле своите домови и предупреди дека последиците од војната се чувствуваат низ светот поради „вртоглавиот пораст на цените на храната, енергијата и вештачките ѓубрива, што се заканува да ескалира во глобална криза со глад“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина