Гутереш вети поголема помош на ОН за Газа

Од:

Катарскиот премиер шеик Мохамед бин Абдулрахман ал Тани денеска објави дека е постигнат договор меѓу Израел и палестинскиот Хамас, со кој се става крај на 15-месечната војна во Газа и се отвора патот за десетици израелски заложници да си заминат дома.

Тој рече дека договорот, постигнат во главниот град на Катар, Доха, дојде по неколкунеделни напорни преговори, пренесе АП.

Ал Тани исто така истакна дека договорот ќе стапи на сила во недела.

Бројни официјални лица претходно изјавија дека е постигнат договор, но се уште нема потврда од Израел.

Меѓу официјалните лица кои го потврдија договорот се американскиот претседател Џозеф Бајден и новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш рече дека ОН се подготвени да го поддржат спроведувањето на договорот и да го зголемат износот на хуманитарната поддршка, која, според него, продолжува да трпи, пренесе Ројтерс.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека го поздравува прекинот на огнот и ослободувањето на заложниците.

„Заложниците ќе се обединат со нивните семејства, а хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа. Ова ќе донесе надеж во целиот регион, каде луѓето страдаат премногу долго. Двете страни мора целосно да се придржуваат до договорот, за да се донесе долго – рок на стабилност на регионот и дипломатско решавање на конфликти“, нагласи Фон дер Лајен.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок изјави дека „во овие часови постои надеж дека заложниците конечно ќе бидат ослободени и дека повеќе нема да загинат луѓе во Газа“.

„Сите одговорни сега треба да се погрижат да се искористи оваа можност“, рече таа, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа

Гутереш: Украина има легитимна влада

А1он