Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, во изјавата по повод Денот на победата, повика да се спречат нови обиди за сеење раздор меѓу луѓето и ширењето омраза.
„Во деновите на сеќавање и помирување, ние им оддаваме почит на милионите што загинаа во Втората светска војна и се сеќаваме на нивното страдање“, рече тој во видео пораката. „Никогаш не смееме да го заборавиме Холокаустот и другите грозни и ужасни злосторства извршени од нацистите“.
Гутереш додаде дека „дури и за време на тековната криза со Ковид-19, ние сме сведоци на нови обиди за поделби кај луѓето и ширење омраза“.
„Одбележувајќи ја оваа 75-годишнина, да се потсетиме на лекциите од 1945 година и да ги здружиме силите за да ја запреме пандемијата и да изградиме иднина во која напредува мирот и безбедноста“, рече генералниот секретар на Светската организација.