Гутереш: ОН ќе ги удвојат напорите за спас на животи и намалено страдање во Украина

Од:

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во твит денеска напиша дека ОН нема да се предадат и дека ќе ги удвојат своите напори да спасат животи и да го намалат страдањето во Украина.

-Бев трогнат од отпорноста и храброста на луѓето во Украина. Мојата порака до нив е едноставна: Нема да се предадеме. ОН ќе ги удвои напорите да се спасат животи и да се намали човечкото страдање. Во оваа воjна, како и во сите други, цивилите секогаш плаќаат највисока цена, напиша Гутереш.

Твитот доаѓа веднаш по посетата на Украина и средбата со украинскиот претседател Володомир Зеленски. Претходно во Москва, тој се сретна и со рускиот претседател Владимир Путин.

Во Киев, на прес конференција со Зеленски, Гутереш побара да се отварат евакуациски коридори за безбеден транспорт на цивили од Мариупол.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски