Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го повтори повикот за глобален прекин на огнот, повикувајќи ги сите страни во конфликтите низ светот да го остават оружјето и да им дозволат на земјите уништени од војни да се борат со пандемијата на коронавирусот.
„Најлошото допрва доаѓа“, рече Гутереш, осврнувајќи се на земјите во кои има војни, како што се Сирија, Либија и Јемен.
„Бурата Ковид-19 сега доаѓа во сите овие земји“, додаде генералниот секретар на ОН.