Гутереш: Младите се најголемата сила-бидете гласни и поместувајте ги границите

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш синоќа, во својата новогодишна честитка истакна дека светот во 2020 година влегува со нови судири и несигурност, посебно по прашањето за борбата против климатските промени, кршењето на човековите права и нееднаквоста и омразата меѓу луѓето.

Гутереш истакна дека најголемата сила во решавањето на глобалните проблеми се младите.

-Климатските промени се реална опасност. Не можеме да седиме со скрстени раце додека планетата гори. Но има надеж, и мојата новогодишна порака е упатена кон најголемиот извор на таа надеж – кон младите ширум светот, наведе Гутереш.

Според него, во решавањето на проблемите на климата, нееднаквоста меѓу половите, социјалните разлики, во борбата за правда и човекови права младите се на првата линија на фронтот.

-Јас сум со вас. Бидете гласни! Поместувајте ги границите. Имајте барања! Вашата одлучност инспирира. Ви посакувам мир и среќа во 2020 година, порача Гутереш.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Трамп ја повлече Америка од Советот за човекови права на ОН

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

ОН: Најмалку 183 украински цивили загинаа во руските напади во октомври