Гутереш: ЛГБТИ заедницата се соочува со „зголемена ранливост“за време на корона кризата

Од:

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупредува дека лезбејките, геј лицата, бисексуалците, транс и интерсексуалците се соочуваат со „зголемена ранливост“ за време на пандемијата на коронавирус, јави ДПА.

Гутереш , во денешната порака при одбележувањето на Меѓународниот ден против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата, цитирајќи извештаи кажа дека директивите за вирусот се злоупотребуваат од полицијата за таргетирање на лица и организации засновани на родовиот идентитет или сексуалната определба, пренесува германската агенција.

„Соочувајќи се со пристрасност, напади и убиства, единствено само заради тоа кои се или кого сакаат, многу лица од ЛГБТИ заедницата доживуваат засилена стигматизација како резултат на коронавирусот, како и нови пречки при барањето здравствена заштита“, се наведува во изјавата на Гутереш, објавена од неговиот портпарол.

Речиси 40 проценти од испитаниците на истражувањето на ЕУ за ЛГБТИ лицата, објавено во четвртокот, изјавиле дека неодамна биле малтретирани, наведува Агенцијата за фундаментални права на ЕУ (ФРА), потсетува ДПА.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он