Гутереш го откажа патувањето во странство поради влошената ситуација во Украина

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го откажа патувањето во Демократска Република Конго планирано за утре„поради влошената ситуација во врска со Украина“, соопшти неговиот портпарол.

Гутереш изразил особена загриженост за извештаите за цивилни жртви во борбите меѓу сепаратистите поддржани од Москва и владините сили долж линијата на контакт во источна Украина и побара итен прекин на огнот, рече портпаролот.

ОН соопштија дека продолжуваат да ја поддржуваат независноста и суверенитетот на Украина во нејзините меѓународно признати граници при стравувањата од неизбежна руска инвазија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина